
Англичанка раѓа бебе три часа откако дознава дека е трудна. Ова не е сценарио за нова синхронизирана серија на нашите телевизии. Повторуваме, ова не е сценарио за „сапуница“. Иако би можело да стане, еден ден :)
Белинда Вајт (21) минативе девет месеци неколку пати го посетувала својот доктор поради болки во долниот дел на стомакот и надуеност.
Дијагностициран и' е тежок случај на иритација на дигестивниот систем и гихт. Тешка докторска утка. Белинда цело време била трудна со здраво девојче, пишува Telegraph.
Детето е родено во станот на нејзиното момче, три часа откако и било кажано дека е трудна, со помош на мајката на момчето. Ако се прашувате зошто откако конечно утврдиле дека е трудна, не ја задржале на болница?
„Имав чувство дека нешто се движи во мене, но никогаш не помислував дека сум трудна, а и на докторот тоа не му падна на памет“, изјави Белинда.
Докторот во болницата во Тивертон и рекол дека има иритација на цревата, неколку месеци пред породувањето. На Божиќ повторно отишла на лекар поради големи отоци на стапалата и рацете - докторите повторно „маестрално“ утврдиле дека има алергија.
Следи финалето: ноќта пред породувањето Белинда повторно ја посетува болницата со силни болки во целото тело. Во 22 часот докторот и соопштува дека е трудна - внимавајте сега - во трет месец! Во 02:30 наутро, таа раѓа здраво девојче.
Треба некаков дополнителен коментар? Не. Освен: нека е живо и здраво малото :)
Најава
Анкета
Дали ви се допаѓа веб страната?
Курсна листа
Виц на денот
| Полицаец сопира студент и му вика: - Лична карта ќе ве молам! - Немам! - Добро имате некој друг документ за идентификација? Студентот му вади индекс и го дава на полицаецот. После некое време полицаецот: - Брееј па ти си се изнапатувал |
Македонски радија
Статистика






![]() | Денес | 102 |
![]() | Вчера | 133 |
![]() | Оваа седмица | 102 |
![]() | Минатата седмица | 1800 |
![]() | Овој месец | 1288 |
![]() | Минатиот месец | 8286 |
![]() | Вкупно | 48002 |
Твојата IP: 38.107.191.89
,
Денес e: Сеп 06, 2010
kicevo.com.mk Chat
Временска прогноза










